Tag Archives: tribina

ТРИБИНА: „Студентското самоорганизирање на Балканот“

Во понеделник, на 03. декември во 12:00 часот на Градежен факултет ќе се одржи трибина на тема „Студентското самоорганизирање на Балканот“.

На гости ни доаѓаат студенти – активисти од Риека, Хрватска (“Autonomni studenti”) и Белград, Србија (“Nezavisna studentska inicijativa FMU”) да ги споделат нивните искуства со студентската борба за бесплатно образование и слободен универзитет. Во Белград оваа есен четири факултета беа под студентска окупација (блокада) како метод за остварување на барањата на студентите, додека во Риека студентите неколку пати се решија за блокада на факултетите и се мобилизираа на повеќе протести за бесплатно образование,а против комерцијализацијата и приватизацијата на високото образование. Continue reading