Tag Archives: neoliberalism

ТРИБИНА: „Студентското самоорганизирање на Балканот“

Во понеделник, на 03. декември во 12:00 часот на Градежен факултет ќе се одржи трибина на тема „Студентското самоорганизирање на Балканот“.

На гости ни доаѓаат студенти – активисти од Риека, Хрватска (“Autonomni studenti”) и Белград, Србија (“Nezavisna studentska inicijativa FMU”) да ги споделат нивните искуства со студентската борба за бесплатно образование и слободен универзитет. Во Белград оваа есен четири факултета беа под студентска окупација (блокада) како метод за остварување на барањата на студентите, додека во Риека студентите неколку пати се решија за блокада на факултетите и се мобилизираа на повеќе протести за бесплатно образование,а против комерцијализацијата и приватизацијата на високото образование. Continue reading


Илузијата за Европска Унија

Приватизацијата на јавното образование и на јавните добра воопшто, која се јави како тенденција во последнава деценија, е во тесна врска со долгорочните политики на Европската Унија, кои им ги наметнува на нејзините членки и кандидатки, вклучувајќи ја и Македонија.

Continue reading


БОЛОЊА: за Елитата Корист, Темнина за Студентот

Има некаква мистика во Болоњскиот процес – се појави од никаде, го потпиша цела Европа, од корен го смени стариот образовен систем, воведе претходно нечуени стандарди и остави мошне драстични последици, не само во образованието, туку и во општеството во целина, и сепак, во сиве овие години, ретко кога покрена било какви прашања. Continue reading