Tag Archives: balkan student

Соопштение по повод IV средба на Мрежата Балкан Студент

Четвртиот состанок на мрежата „Балкан студент“ беше одржан на 2-ри и 3-ти декември 2012, во Скопје, Република Македонија.

„Балкан Студент“ е мрежа на независни студентски групи која се бори за: бесплатно (целосно јавно финансирано) високо образование, преку зголемување на јавните издатоци за образование; за укинување на Болоњскиот процес и негова замена со еманципаторно образование, базирано на прогресивни идеи и критичко мислење; за укинување на претставничките студентски тела и нивна замена со директно-демократско самоорганизирање на студентите; и за остварување на целосна политичка автономија на Универзитетот, без мешање на државата и на пазарот на труд. Continue reading


Балканот во солидарност за бесплатно образование

Мрежата „БАЛКАН СТУДЕНТ“, чија автономна членка е и Слободен Индекс, на 24 април одржа заедничка акција во четири градови на Балканот: Сараево, Белград, Скопје и Риека.

Активистите на локалните студентски движења на четири различни страни истовремено истакнаа пораки со цел да ја потсетат јавноста на комерцијализацијата на образованието која е заеднички проблем на сите земји на Балканот, како и да ја рашират идејата за бесплатно образование, целосно финансирано од јавниот буџет. Continue reading