Tag Archives: балкан студент

Соопштение по повод IV средба на Мрежата Балкан Студент

Четвртиот состанок на мрежата „Балкан студент“ беше одржан на 2-ри и 3-ти декември 2012, во Скопје, Република Македонија.

„Балкан Студент“ е мрежа на независни студентски групи која се бори за: бесплатно (целосно јавно финансирано) високо образование, преку зголемување на јавните издатоци за образование; за укинување на Болоњскиот процес и негова замена со еманципаторно образование, базирано на прогресивни идеи и критичко мислење; за укинување на претставничките студентски тела и нивна замена со директно-демократско самоорганизирање на студентите; и за остварување на целосна политичка автономија на Универзитетот, без мешање на државата и на пазарот на труд. Continue reading