Алтернатива – избери се себе !

Дали навистина студентите имаат потреба од лидер?

Овој текст ја пренесува атмосферата од изборите за нов претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кои се одржаа на 10 октомври оваа година. СПУКМ информира дека кандидатот Кирил Спироски е избран за нов студентски лидер со освоени околу 4500 гласа. Continue reading


Документарец за студентскиот дом “Стив Наумов”

Ќе  цитирам дел од објаснувањето на youtube, од user-от, што го прикачил видеото:

Филм за студентскиот дом “Стив Наумов” – “Дом”

Снимен „тајно” во 2004 , без знаење на управата, овој документарец го прикажува животот на четворица студенти кои живеат во руинираниот „Стив”, во услови не многу различни од денешните. Оттогаш минаа скоро 8 години, се смени власта, поскапе живеачката, дојдоа нови генерации студенти, но во скопските студентски домови малку нешта мрднаа од место…

Линкот: ТУКА


Студентите и општеството

Студент – некогашна движечка сила, денешно растение. Вегетира или е потонат и летаргичен, пасивизиран преку само-наметнатите пропаганди на скептицизам кои се шират од уво на уво низ младите, како овде ништо и никогаш не би се променало, па мораме надвор да го бараме чарето.

 Како стигнавме до овде? Continue reading