Category Archives: Соопштенија

Соопштение по повод IV средба на Мрежата Балкан Студент

Четвртиот состанок на мрежата „Балкан студент“ беше одржан на 2-ри и 3-ти декември 2012, во Скопје, Република Македонија.

„Балкан Студент“ е мрежа на независни студентски групи која се бори за: бесплатно (целосно јавно финансирано) високо образование, преку зголемување на јавните издатоци за образование; за укинување на Болоњскиот процес и негова замена со еманципаторно образование, базирано на прогресивни идеи и критичко мислење; за укинување на претставничките студентски тела и нивна замена со директно-демократско самоорганизирање на студентите; и за остварување на целосна политичка автономија на Универзитетот, без мешање на државата и на пазарот на труд. Continue reading


Важно известување

Изминативе месеци низ градов можат да се забележат графити со логото на крената тупаница која ја користи Слободен Индекс, под кои пишува ОТПОР, а изминатиов период низ факултетите низ Скопје беа растурани флаери со фотографии од протестите кои ги има организирано Слободен Индекс. Логото на фејсбук групата на таа организација која се нарекува „Студентски отпор“ Continue reading


Балканот во солидарност за бесплатно образование

Мрежата „БАЛКАН СТУДЕНТ“, чија автономна членка е и Слободен Индекс, на 24 април одржа заедничка акција во четири градови на Балканот: Сараево, Белград, Скопје и Риека.

Активистите на локалните студентски движења на четири различни страни истовремено истакнаа пораки со цел да ја потсетат јавноста на комерцијализацијата на образованието која е заеднички проблем на сите земји на Балканот, како и да ја рашират идејата за бесплатно образование, целосно финансирано од јавниот буџет. Continue reading