Category Archives: Новости

НЕ СМЕ САМИ!

Глобалната природа на борбата против владејачката економска структура на болното општество ги ослободува своите сили на сите континенти. Ретко ќе чуете на било кој официјален медиум за борбата на шпанските рудари во Астурија, за протестите на студентите во Чиле, за невидено масовните студентски маршови во Канада кои прераснаа во општонародни протести против државната репресија и капитализмот, за студентските нереди во Бангладеш. Обичните луѓе во целиот свет се соочуваат со ист ќорсокак: економска криза, сиромаштија, кратење на социјалните услуги, поскапување на јавните услуги и продлабочување на класните разлики. Челниците на било која држава не гладуваат поради кризата, како што не гладуваат ни „тешките“ капиталисти. Гладува народот, работниците, студентите, децата и сите права кои им припаѓаат се повеќе им се ускратувани, а сето тоа под аргументот на „анти-кризни мерки“. Continue reading


Трета регионална средба на „БАЛКАН СТУДЕНТ“

Третата средба на независната организација „Балкан студент“ ќе се одржи на 7-8 април 2012 во Сараево, Босна и Херцеговина. На средбата ќе учествуваат студенти и активисти за бесплатно образование од целиот Балкан: Хрватска, Словенија, Косово, Србија, Бугарија, Македонија и други. Активистите од „Слободен Индекс“ по трет пат ќе земат активно учество во оваа група на солидарност, која беше основана со цел Continue reading


Блокиран Филолошкиот факултет во Белград

На адресата на Слободен Индекс стигна следново соопштение од нашите колеги и колешки од Белград:

 

Соопштение за јавноста  од пленумот на студентите на Филолошкиот Факултет

Блокада на филолошкиот факултет во Белград

Министерството за образование [на р. Србија]  во петокот на 14.10.2011 одби да ги исполни барањата на студентскиот протест, притоа образложувајќи дека ние немаме никаков легитимитет и дека можат да прифатат преговори единствено со Студентската конференција на универзитетите од Србија (СКОНУС), а која беше прва што нѐ доведе до моменталната ситуација.
Continue reading