Category Archives: Општество

Феноменот „студент“

Ќе го сретнете изгубен во толпата пред „Студентски прашања“, или како осамен чека пред некоја од професорските канцеларии за консултации. Во амфитеатарот ќе седи замислен и ќе зјапа низ прозорецот. На паузите ќе шмрка еспресо од кафемат и ќе ги дели цигарите со колегите. Во читалната ќе си го чешка темето зад куп од српско-хрватски учебници и лошо преведени скрипти. Како бруцош, ќе го најдете изгубен во толпата поранешни средношколци, како апсолвент ќе се обидува да балансира меѓу улогите на студент, практикант и келнер во локалното кафуле. Во долгите редици во банките трпеливо ќе чека да си ја уплати административната такса. Тој е мастер за пополнување уплатници и гение за преживување до наредната родителска плата. Continue reading


МРАЗАМ ИНДИФЕРЕНТНИ

Tекст за апатијата, скептицизмот, неодговорноста што луѓето ја чувствуваат кога се работи за учество во општествените промени, и за тоа како пасивната индиферентност кај луѓето во текот на историјата (а и денес) делува како активна пречка за промени што ги иницираат одредени групи… Continue reading


Илузијата за Европска Унија

Приватизацијата на јавното образование и на јавните добра воопшто, која се јави како тенденција во последнава деценија, е во тесна врска со долгорочните политики на Европската Унија, кои им ги наметнува на нејзините членки и кандидатки, вклучувајќи ја и Македонија.

Continue reading