Category Archives: Oбразование

Документарец за студентскиот дом “Стив Наумов”

Ќе  цитирам дел од објаснувањето на youtube, од user-от, што го прикачил видеото:

Филм за студентскиот дом “Стив Наумов” – “Дом”

Снимен „тајно” во 2004 , без знаење на управата, овој документарец го прикажува животот на четворица студенти кои живеат во руинираниот „Стив”, во услови не многу различни од денешните. Оттогаш минаа скоро 8 години, се смени власта, поскапе живеачката, дојдоа нови генерации студенти, но во скопските студентски домови малку нешта мрднаа од место…

Линкот: ТУКА


Студентите и општеството

Студент – некогашна движечка сила, денешно растение. Вегетира или е потонат и летаргичен, пасивизиран преку само-наметнатите пропаганди на скептицизам кои се шират од уво на уво низ младите, како овде ништо и никогаш не би се променало, па мораме надвор да го бараме чарето.

 Како стигнавме до овде? Continue reading


Феноменот „студент“

Ќе го сретнете изгубен во толпата пред „Студентски прашања“, или како осамен чека пред некоја од професорските канцеларии за консултации. Во амфитеатарот ќе седи замислен и ќе зјапа низ прозорецот. На паузите ќе шмрка еспресо од кафемат и ќе ги дели цигарите со колегите. Во читалната ќе си го чешка темето зад куп од српско-хрватски учебници и лошо преведени скрипти. Како бруцош, ќе го најдете изгубен во толпата поранешни средношколци, како апсолвент ќе се обидува да балансира меѓу улогите на студент, практикант и келнер во локалното кафуле. Во долгите редици во банките трпеливо ќе чека да си ја уплати административната такса. Тој е мастер за пополнување уплатници и гение за преживување до наредната родителска плата. Continue reading