Category Archives: Е-книги

Блокаден прирачник

„Блокаден прирачник“, или како се одвиваше студентската блокада на Филозофскиот факултет во Загреб пролетта 2009, не е само корисно четиво за еден специфичен метод на извојување на студентски цели, туку и историја на една студентска борба за изборување за правото на бесплатно образование, во која дружно учествуваа стотици студенти, организирани по принципот на директна демократија, принудувајќи ја управата, но и власта, конечно да ги сослуша нивните барања… Continue reading


Бедата на студентскиот живот

Замислете дека сте на Универзитетот во Стразбур, на свеченото отварање на академската година, есента 1966-та, во сала сочинета од студенти, професори и уважени гости кои се собрани да го чујат говорот на претседателот де Гол. Забележувате дека на секое седиште се наоѓа еден мал памфлет. Програма? Не, туку нешто со наслов „Бедата на студентскиот живот“. Ја отварате книгата и почнувате да читате: „Општо познато е дека студентот, заедно со попот и полицаецот е најпрезрено суштество во државата Франција…“ Се вртите околу себе и гледате дека и сите останати читаат; реакциите варираат од чудење и смев, до шок и напад на бес. Кој стои зад тоа?

 

Симни го памфлетот (на српски јазик).