Блокаден прирачник

„Блокаден прирачник“, или како се одвиваше студентската блокада на Филозофскиот факултет во Загреб пролетта 2009, не е само корисно четиво за еден специфичен метод на извојување на студентски цели, туку и историја на една студентска борба за изборување за правото на бесплатно образование, во која дружно учествуваа стотици студенти, организирани по принципот на директна демократија, принудувајќи ја управата, но и власта, конечно да ги сослуша нивните барања…

Блокадата на разни институции, вклучувајќи ги и факултетите и работните места, низ историјата се покажала како ефикасен принуден механизам за изборување за студентски и работнички права. Заземањето на институцијата и блокирањето на целата нејзина работа е начин да се дојде до некаква цел преку организација оздола и преку преземање самостојна иницијатива. Во текот на целата таа 2009 година само во Европа беа блокирани на подолг или пократок период стотици универзитети како дел од глобалната студентска борба против комерцијализација и приватизација на образованието. Блокадата како принуден механизам и во моментов се употребува како моќно оружје во борбата за бесплатно образование низ целиот свет.

Преведено на македонски, тука. БЛОКАДНА ЦЕЛОСНА ВЕРЗИЈА


Comments are disabled.