Приклучи се

Доколку ти е смачено од сите проблеми со кои се соочуваат студентите, сакаш да направиш нешто, сакаш смениш нешто во ова наше труло општество, тогаш дојди на нашите состаноци, сподели ги сопствените идеи, вклучи се во организирањето на студентското движење. Ние немаме претставници, немаме претседатели или функции за бркање кариера на грб на студентите, се’ што имаме сме самите себе и милион идеи што сакаме да ги оствариме за општото добро. Тие идеи може да ги оствариме само заедно. Не дискриминираме по никаква основа. Значи без разлика на твојата религиска, национална, етничка, партиска, идеолошка припадност тука има место за тебе. НО, мора да напоменеме дека доколку си партиско полтронче кое сака да поентира во партијата на сметка на нашиот труд, време и искрени намери, тогаш тука НЕМА место за такви!

Доколку си заинтересиран/а, тогаш прати ни мејл на:

sloboden.indeksgmail.com

Или дојди на еден од нашите состаноци, чие време и место ги објавуваме на нашата фејсбук група.

Доколку нашиот начин на организирање, функционирање и сл. не ти се допаѓа тогаш те охрабруваме да направиш нешто, било што што може да ни биде од корист на сите студенти. Идеално, вклучи се во друга организација или движење, но направи нешто!

Се’ што е потребно за триумфот на злото е добрите луѓе да не прават ништо!