Feb
27
2012
„Блокаден прирачник“, или како се одвиваше студентската блокада на Филозофскиот факултет во Загреб пролетта 2009, не е само корисно четиво за еден специфичен метод на извојување на студентски цели, туку и историја на една студентска борба за изборување за правото на бесплатно образование, во која дружно учествуваа стотици студенти, организирани по принципот на директна демократија, принудувајќи ја управата, но и власта, конечно да ги сослуша нивните барања… Continue reading
no comments | tags: blokadna kuharica, студентска борба, студенти, универзитет, блокада, блокаден прирачник, директна демократија, загреб, протест | posted in Е-книги
Feb
21
2012
Замислете дека сте на Универзитетот во Стразбур, на свеченото отварање на академската година, есента 1966-та, во сала сочинета од студенти, професори и уважени гости кои се собрани да го чујат говорот на претседателот де Гол. Забележувате дека на секое седиште се наоѓа еден мал памфлет. Програма? Не, туку нешто со наслов „Бедата на студентскиот живот“. Ја отварате книгата и почнувате да читате: „Општо познато е дека студентот, заедно со попот и полицаецот е најпрезрено суштество во државата Франција…“ Се вртите околу себе и гледате дека и сите останати читаат; реакциите варираат од чудење и смев, до шок и напад на бес. Кој стои зад тоа?
Симни го памфлетот (на српски јазик).
no comments | tags: студентски, студенти, стразбур, франција, борба, беда, живот, протести, памфлет | posted in Е-книги