May 13 2011

Студентска пролет 2011 – Изрази се!

СТУДЕНТСКА ПРОЛЕТ

ИЗРАЗИ СЕ!


 

НА УЛИЦА НАМЕСТО ВО СТУДЕНТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР

 

изложба на фотографии – графики – цртежи – ракотворби – театарска претстава – музика – уметнички перформанси – поетско читање

 

Имајќи многу што да понудиме, а немајќи каде, организираме акција на неколку локации низ Скопје.

Изложби, претстави, свирки, трибини, поетски читања, уметнички перформанси… Нам ни е потребен простор каде ќе можеме да се изразиме и да ги организираме овие случувања. Додека не го добиеме, ни останува улицата како алтернативно место каде ќе ја изразиме нашата креативност.

Овој настан е самофинансиран од активистите на Слободен Индекс. Секој потенцијален учесник кој може да придонесе на било каков начин (со опрема, со средства или едноставно со учество во организација на настанот) е добредојден.

ВАЖНО: Програмата за настанот е веќе пополнета со изложби на фотографии, графики, цртежи, ракотворби, инсталации, поетско читање, театарска претстава… Сепак, настанот е отворен за секој кој и ненајавено ќе дојде да се изрази со свое дело.

Млади сме, живи, креативни и полни со идеи. Бараме студентски културен центар во рамки на Универзитетот, отворен за сите студенти и млади луѓе!

ИЗРАЗИ СЕ!

Continue reading